Search

Индиски политичар го обвини Пакистан дека со отровен гас го загадува воздухот во Делхи

Рекордното загадување на воздухот на Њу Делхи може да биде резултат на таен хемиски напад од Пакистан, тврди индиски политичар кој рече дека неговата цврста теорија треба сериозно да се разгледа, пренесува РТ.

„Постои можност отровниот гас да се ослободи од секоја соседна земја што се плаши од нас“, рече лидерот на „Мерут БЈП“, Винет Агарвал Шарда.

Наведувајќи ги Пакистан и Кина како главни осомничени, Шарда рече дека Индија мора сериозно да размисли дали Исламабад испуштал отровни материи во воздухот во Делхи. Тој, исто така, го обвини Пакистан дека е исплашен од премиерот Нарендра Моди, и кажа дека Индија никогаш не изгубила војна со својот сосед вооружен со нуклеарно оружје.

Тој исто така ги критикуваше владините претставници кои за опасните услови во животната средина ги обвинија емисиите на штетни гасови од фабриките и од земјоделството.

„Земјоделецот е ‘рбетот на нашата земја. Земјоделците и индустриите не треба да бидат обвинети“, рече лидерот на БЈП.

Индиските власти се обидоа да најдат решение за опасното ниво на загадување на воздухот во Делхи. Претходно неделава, министерот за здравство, Харш Вардар, посочи дека јадењето моркови богати со витамини може да помогне во заштитата на Индијците од заболувањата поврзани со загадувањето.

Треба да знаете
Последни објави