Search

Индиски министер повикува на забрана за исламскиот превез

Министер од индиската држава Утар Прадеш ја разбранува јавноста барајќи забрана за бурката  што е дел од традиционалната муслиманска облека за жени, пренесува „Спутник“.

Рагураџ Синг, министер за труд во Утар Прадеш, зборуваше на неделниот настан во Агра кога ја замоли владата да ја забрани бурката, тврдејќи дека муслиманските жени го носат традиционалниот превез бидејќи се потомци на Супранака, митолошки лик во хиндуистичкиот еп „Рамајана“ чиј нос го отсече Лакшман, брат и придружник на господарот Рама, за време на неговото 14-годишно покајување во шумите.

Синг продолжи со своите експлозивни забелешки велејќи дека бурките ги носат терористите за да го прикријат својот идентитет, истовремено посочувајќи на протестите на жените против контроверзниот Закон за државјанство.

Овој закон им доделува државјанство на прогонетите верски малцинства од Авганистан, Бангладеш и Пакистан, кои пристигнале во Индија пред 2015 година, но ги испушта муслиманските имигранти.

„Системот на бурка потекнува од Арапите. Тие го кријат лицето затоа што Лакшман им ги отсече ушите и носот. Тие носат бурка бидејќи се потомци на демонот. Само потомците на демоните можат да носат бурка. Ниту еден обичен човек не може да носи бурка. Исто така, би ја повикал владата да ја забрани бурката бидејќи терористите кои влегуваат во нашата земја носат бурки. Значи, сограѓани мои , ние треба да се обединиме затоа што е неопходно да се отстранат овие силеџии“, рече Синг.

Изјавата предизвика дебата на социјалните мрежи откако неколкумина го поддржаа министерот за забраната, истовремено велејќи дека Индија треба да ги следи стапките на Шри Ланка, каде што има целосна забрана за сите видови превез, вклучително и за бурките.

Сепак, неколкумина останаа вџашени откако индискиот премиер Нарендра Моди прв рече дека оние што поттикнуваат насилство (за време на протести против Законот за државјанството) може да се идентификуваат преку нивната облека.

Ова не е првпат министерот да даде вакви контроверзни изјави. Неодамна тој вети дека ќе ги погребе живи оние што извикуваат пароли против Моди и против началникот на Утар Прадеш, Јоги Адитјанат.

Треба да знаете
Последни објави