Search

Индиски магионичар исчезна во река обидувајќи се да го имитира Худини

Индиските власти стравувааат дека магионичар, кој врзан со синџири скокнал во река, во обид да го имитира Хари Худини, не го преживеал својот амбициозен потфат.

Поентата на целата точка била магионичарот Канхал Лахири да се ослободи од синџирите и да отплива на сигурно. Меѓутоа тој не испливал од реката.

Набљудувачите на настанот ја известиле полицијата за исчезнувањето на магионичарот, која веднаш започнала потрага.

Лахири, познат и како Мандрек, во реката бил спуштен од чамец. Тој бил окован со синџири за чие врзување биле употребени шест катанци. Од брегот на реката, неговиот потфат го следеле повеќе луѓе.

И покрај потрагата извршена од страна на полицијата и нуркачкиот тим, магионичарот до неделата навечер не бил пронајден.

Еден од полицајците за весникот „Хиндустан тајмс“ изјавил дека Лахири не може да се прогласи за мртов додека не биде пронајдено неговото тело.

Треба да знаете
Последни објави