Search

Индиец починал откако се заглавил во вратите на авион

Техничар од индиската авио-компанија „Спејсџет“ почина во средата во Калкута откако случајно го заробила врата на патнички авион, објави Си-ен-ен.

Рохит Пандеј ги извршувал своите должности за одржување на воздухопловот на аеродромот „Нетаџи Субхаш Чандра Бозе“, кога одеднаш се затворила хидрауличната врата на авионот и го заробила.

Вработените во авиокомпанијата веднаш повикале лекари, но со сите можни напори не успеале самите да ја отворат вратата, па морале да повикаат механичар за да ја исече.

За жал, техничарот не преживеал толку многу притисок врз неговото тело и бил прогласен за мртов кратко време откако бил изваден од зад втратите.

Администрацијата за воздушен сообраќај, индиското регулаторно тело задолжено за воздухопловство, започна истрага за несреќата.

Компанијата „Спејсцет“ во соопштение изјави дека исклучително жали за овој немил инцидент.

Треба да знаете
Последни објави