Search

Индиец обвинет за силување бара поштеда: „Зошто да ме бесите, кога загадениот воздух бавно ме убива“

Еден од шестмина мажи осомничени за брутално тепање и силување на студентка во автобус во Њу Делхи во 2012 година, бара од властите да го поштедат од смртна казна.

Негов аргумент за тоа е дека загдениот воздух и така веќе го убива полека, пренесе Си-ен-ен.

Акши Такур е еден од четворицата мажи осудени на бесење поради силувањето на Нирбаја, 23-годишна девојка, кое почина две недели подоцна поради тешки повреди.

Петтиот осомничен е ослободен затоа што бил малолетен во моментот на злосторството, а шестиот се самоубил во затвор.

Адвокатот на Такур поднесе петиција до Врховниот суд, неколку дена пред одбележувањето на седмата годишнина од злосторството, 16 декември. Локалните медиуми објавија дека е можно Такур да биде егзекутиран за годишнината, особено затоа што неодамна се случи слично злосторство кое ја шокираше нацијата.

Индија, од друга страна, го има веројатно најзагадениот воздух во светот. Претходно годинава, седум индиски градови беа на списокот на 10. најзагадени места во светот. Адвокатот наведува дека воздухот во Њу Делхи е како „гасна комора“ и дека градот е „полн со отров“.

„Животниот век станува се пократок, па оттаму вреди да се запрашаме вреди ли смртната казна?“, се наведува во петицијата.

Затворот во кој се наоѓа Такур е лоциран во западниот дел на Њу Делхи, кој е особено загаден, со многу фабрики оддалечени по само неколку километри.

Сепак, како што пренесуваат локалните медиуми, мали се шансите молбата на Такур да биде прифатена.

Треба да знаете
Последни објави