Search

Индексот за младинско учество покажува потреба за поголема вклученост на младите во општествените текови

„Што значи за тебе новата стратегија за млади” беше насловена денешната инфо сесија која се одржа во Општина Тетово, Тетово во рамки на проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција”,организирана oд младинските организации Младиинфо Интернационал од Скопје и Здружението Мултикултура од Тетово.

Координаторот на проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција” Марјан Ицоски, го претстави проектот и резултатите од Индексот за младинско учество.

-Индексот забележува одредени мали подобрувања на ситуацијата на младите во однос на вработувањето, намалување на стапката на млади кои не се ниту во работен однос, образование и обука, но сепак со недоволно темпо и се уште далеку од просекот во Европската Унија, истакна Ицоски.

Ахмед Ќазими од секторот за јавни дејности при општина Тетово ја потенцираше важноста на оваа Стратегија и заложбите на општината за истата.

-Искрената соработка со младите и локалниот младински совет како претставничко тело е клучна за успешна имплементација на стратегијата и креирање ефикасни мерки за нивно поголемо учество и подобрување на квалитетот на животот во локалната заедница, рече Ќазими.

Арлинда Иљази oд здружението Мултикултура, го презентираше процесот на изработка и содржина на Стратегијата за млади, а Олти Есати, претседател на Локалниот Младински Совет ја посочи улогата на тоа тело при имплементација на Стратегијата.

На настанот учествуваа и претставници од Општина Тетово, претставници на други невладини организации, ученици, студенти…

Треба да знаете
Последни објави