Search

Инвестираме во човечкиот капитал, по растот на платите, следува раст и на пензиите, новиот предлог Буџет носи повеќе пари кај граѓаните

СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани на Република Северна Македонија, со посебен акцент на најранливите категории на граѓани. Ова се потврдува и со новиот предлог буџет за 2020 година, каде што грижата за човечкиот капитал, за луѓето, зазема централно место.

По одлуките за раст на минималната плата, раст на просечната плата,  решението за  стечајните работници, растот на  социјалниот пакет за 300 отсто, мерките за намалување на невработеноста на рекордни 17.5 отсто, отворањето на  нови, 54.000 работни места, субвенциите во земјоделството и уште многу други реформи и мерки, со предлог буџетот за 2020 година предвиден е раст и на пензиите.

Имајќи ги во предвид економските параметри минатите две години, посебно порастот на просечната плата за повеќе од 2,297 денари, и на минималната за 4 до 5,000 денари, Владата предводена од СДСМ одлучи да има и зголемување на пензиите.

Новиот предлог буџет за 2020 година, во здравството, образованието и социјалата, предвидува инвестиција од  вкупно 154 милијарди денари. Тоа е зголемување од повеќе од 10 милијарди денари во споредба со ребалансот од 2019 година, односно последниот Буџет.

Преку инвестиции во овие сектори, кои меѓусебно се надополнуваат и го засилуваат ефектот, директно се придонесува кон посилен економскиот раст и развој.

Предлог буџетот за 2020 година, е насочен кон вложување во човечкиот капитал во болниците, лекарите, здравствените работници и  наставниците, преку зголемување на нивните плати. Со цел поголема мотивација и стимулација и нивно задржување во државата, а истовремено подобра услуга кон пациентите, вреднување на трудот и поголемо нивно вложување.

Не е исклучен ниту приватниот сектор кој е важен генератор за економски раст, па во таа насока се и мерките за субвенционирање на придонесите на платите за оние компании кои ќе ги покачат платите од 600 до 6000 денари, а  се обезбедени 2.4 милијарди денари. Каде што освен привлекување, задржување и мотивирање на квалитетните кадри, имаме директно слевање на парите од придонесите на покачените плати во фондовите.

Владата предводена од СДСМ преку креирање на реални и оддржливи политики инвестира во човечкиот капитал, тоа го правеше и до сега , но го продолжува и во иднина уште позасилено со креирање на нови мерки и политики.

Треба да знаете
Последни објави