Search

Инвестираме во изградба на нов мост во општина Аеродром за експресно поврзување со соседните општини

СДСМ преку градската и општинската власт што ги предводи континуирано инвестираат во сообраќајната инфраструктура во општина Аеродром.
Во моментов се наоѓаме на новиот бул. АСНОМ чија што прва фаза од изградбата заврши во мај годинава. Некогашната ул. АСНОМ, на потегот од бул. Србија до Васко Карангелески сега е булевар со по 3 ленти во двата правци, средишно зеленило, велосипедски и пешачки патеки од двете страни.
Во тек е изградбата на втората фаза од изградбата на овој булевар која вклучува изградба на нов мост преку Вардар кој ќе ја поврзува општина Аеродром со соседните општини Гази Баба и Центар, кај населбата Ќерамидница, на крстосницата со бул. Гоце Делчев и ул. Беласица.
Со изградбата на овој мост двојно се крати времето потребно за патување од Ново Лисиче до Центар, односно од Ново Лисиче до Мавровка би се стигнувало за помалку од 5 минути.
Во завршна фаза е и реконструкцијата на бул. Видое Смилевски Бато, а минатата година целосно беше реконструиран бул. Февруарски поход и ул. Владимир Комаров на потегот од Железничка до бул. Јане Сандански.
Преку Општина Аеродром изградивме и реконструиравме голем број улици во сите делови на општината: нови краци на улицата „Пандил Шишков”, нова улица со јавно паркиралиште покрај улицата „Фрањо Клуз”, нова улица „Новопроектирана 3″ кај висококатниците, повеќе краци на улицата „Венијамин Мачуковски” во Мичурин, улиците „Тодор Чангов 20″,„Тодор Чангов 41″и „Ѓорги Капчев 9″, „Божин Николов – Силни” во Горно Лисиче и улица „20″ во Долно Лисиче.
СДСМ продолжува да работи на изградба на нова и реконструкција на постоечката патна инфраструктура во сите делови на општина Аеродром.
Градиме по план и инвестираме во иднината, посветено работејќи на проекти важни за граѓаните.

 

Треба да знаете
Последни објави