Search

Им продал хероин и им дозволил да ја користат кај него дома

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.С.(42) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела, од кои три кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и две кривични дела „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 11.07.2020  Е.С. од непознато лице од Скопје набавил хероин за 9.000 денари заради продажба и истиот ден во неговиот дом на А.Ј.(39) и З.Ј.(37) им овозможил да го користат. При преглед од полициски службеници дрогата била пронајдена во просторија каде престојувал Е.С., а каде биле затекнати тројцата како користат хероин. На местото биле пронајдени и дигитална вага и алуминиумски фолии. На 25.07.2020 во домот на В.Т. од полициски службеници од СВР Штип бил извршен претрес и била пронајдена марихуана. На 05.08.2020, Е.С. за сума од 17.000 денари заради продажба, набавил хероин од непознато лице од Скопје, и со патничко возило „форд“ ја пренел до Штип, заедно со С.И.(27) и А.Ј.(39) од Штип, а  при преглед од полициски службеници во 20.00 часот,  на влезот од Штип, дрогата била пронајдена и одземена.

Треба да знаете
Последни објави