Search

Им ветиле 60 евра дневница за берба на грозје во Франција, кога дошле сфатиле дека се робови

Повеќе од 165 можни жртви на современото ропство од Бугарија, кои работеле за француски винари, се откриени во акција за спречување на организираниот криминал, објави во понеделникот Европол.

Француските власти уапсија четворица осомничени- тројца Бугари и еден Французин- по идентификувањето на 167 можни жртви на модерното ропство вработени од четири вински компании во близина на Лион, соопшти полициската агенција на ЕУ.
– Приведените Бугари се одговорни за регрутирање во Бугарија, додека Французинот ја организирал логистиката, вклучително и организација на сместување на работниците, рече портпаролот на Европол.

Работниците биле регрутирани преку легална агенција за вработување во Бугарија и им било кажано дека ќе заработуваат 60 евра на ден, како и дека ќе бидат покриени со трошоците за превоз и сместување, соопшти Европол.

Сепак, тие биле сместени во кампови, им ги одбивале парита за храна, а по истекот на нивните договори не ја добиле сумата што им била ветена, поради што многумина не биле во можност да се вратат во Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави