Search

Импровизиран судски претрес за стекнување практично искуство за студентите по право на Тетовскиот универзитет

На Универзитетот во Тетово денеска се одржа импровизиран судски претрес од страна на студентите на Правниот факултет со наслов „Улогата на семејството во политичка социјализација и кривичните санкции во судскиот систем.”

Судската расправа беше практична работа на студентите кои го поминале предметот Римско право.

-Со ова ние се обидуваме да ја претставиме фактичката состојба, затоа што студентите во теорија учат нешто друго, додека во пракса се случува спротивното. Во овој случај или во оваа импровизирана сесија ние исто така ја идентификуваме корупцијата, затоа што тоа е клучен елемент и во Римската империја оти кога исчезна корупцијата, империјата се развиваше, вели професорот Башким Селмани.

Тој истакна дека постои истражување според кое во 58 отсто од случаите граѓаните сметаат дека судските процеси се монтирани или диригирани од страна на политиката.

Треба да знаете
Последни објави