Search

Имобиле со четири голови предност пред Роналдо го дочекува последното коло од Серија А

Фудбалерот на Лацио, Чиро Имобиле постигна еден гол на синоќешниот дуел со Бреша и ја зголеми предноста пред Кристијано Роналдо од Јувентус на врвот на листата на стрелците во Серија А.

Имобиле сега има 35 погодоци, додека Португалецот кој не успеа синоќа да се запише во листата на стрелците остана на 31.

Воедно, Имобиле го престигна напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски во трката за „Златната копачка”.

Во последното коло од сезоната 2019/20, екипата на Роналдо ќе игра на домашен терен со Рома, додека Лацио на Имобиле ќе се соочи со Наполи.

Треба да знаете
Последни објави