Search

Имобиле сака да остане во Лацио засекогаш

Напаѓачот Чиро Имобиле најави дека ќе го продолжи договорот со Лацио и изрази желба да игра за римскиот тим до крајот на кариерата.

– Во периодот кога шеиците можеа да го откупат „Њукасл”, мојот агент беше контактиран од овој клуб. Тогаш Премиер лигата не го одобри договорот или нешто слично, не се сеќавам точно. Знам дека Њукасл сакаше да го донесе италијански тренер, Масимилијано Алегри или Лучијано Спалети. Сепак, јас сакам да останам во Лацио засекогаш. Новиот договор со клубот ќе важи до 2025 година, што значи дека ќе имам 35 години кога ќе дојде крајот, изјави Имобиле.

Во сезоната 2019/20, 30-годишниот фудбалер одигра 44 натпревари за Лацио, постигна 39 голови и осум асистенции. Така, Имобиле стана најдобар стрелец на европските лиги на крајот на сезоната и освојувач на „Златната копачка”.

Треба да знаете
Последни објави