Search

Името на новиот британски премиер ќе биде објавено на 23 јули

Името на новиот премиер на Обединетото Кралство ќе биде објавено на 23 јули, објави денеска Конзервативната партија.

Околу 160.000 членови на партијата ќе се изјаснат по пошта дали Тереза Меј како лидер на партијата и владата ќе ја наследи Борис Џонсон или Џереми Хант.

Гласањето завршува на 22 јули, а името на победникот ќе биде објавено следниот ден, објави „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави