Search

Името и реформите во фокусот на средбата на Шекеринска и Димитров со Хан и Могерини

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната средба со еврокомесарот Јоханес Хан и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ги фокусирале разговорите на комплетирањето на Преспанскиот договор и на реформската агенда, информираат двете страни.

Владеењето на правото било главна тема на дискусиите од областа на домашните реформи. Во соопштението на Могерини се нотира дека Македонија енергично продолжува со реформската агенда.

Високата претставничка за надворешни работи ја пофалила владата за процесот на имплементирација на „историскиот договор кој го поздрави цела Европа”.

-Овој процес претставува уникатна можност за надминување на потешкотиите од минатото и зајакнување на помирувањето во регионот. Тој е исто така клучен за патот кон ЕУ, порачуваат од кај Могерини.

Еврокомесарот Хан од своја страна кусо твитна дека имал „одлична” средба со министрите.

-По последните денови, охрабрувачки е да се слушнат добри вести од Западниот Балкан, твитна Хан и им се заблагодари на министрите за „одлучноста” во работата врз реформите кон ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави