Search

Има само пет инспектори на ниво на Скопје, бројката треба барем да се дуплира, вели Петровска

Има само пет инспектори на ниво на Град Скопје. За наредната година, со оглед на големата бројка на инсталации што ја имаме на терен, имам антиципација за осум нови луѓе, но и со нив најверојатно нема да се заврши целосно работата, рече в.д. директорката на Инспекторатот за животна средина, Ана Петровска.

Таа на денешната прес-конференција рече дека со овој број инспектори, работата на терен е тешка. Имаат попладневни дежурства и во текот на неделата, но како што рече, не можат да се мултиплицираат.

-Многу е тешко на терен, имаме и попладневни дежурства и недели но ние не можеме да се мултиплицираме. Единствен лек е посинхонизирано и поефикасно да се координираме со градските инспектори за да формираме мрежа на инспекциски органи. И тоа е нешто што деновиве се случува. Но приоритет ни е да сме на терен, знаете пет инспектори треба секаде да стасаат, рече Петровска во одговор на прашање.

Посочи дека треба барем да двојно да се зголеми бројот бидејќи како што рече, во североисточниот регион, кој што го покрива има рудници со големи капацитети, а исто така и во Пробиштип и Кочани, а секако треба и да се зајакне Скопје.

-Немам инспектори за природа, имам еден инспектор за природа, еден за овластување. Охридскиот регион треба да се покрие, националните паркови, заедно со шумска полиција да работиме и со Испекторатот за шумарство и ловство. Огромна е полето за работа. Имаме само двајца водостопански инспектори, а не знаете колку дозволи за водно право има, за регулација на речни корита, голем предизвик е со овие луѓе со кои работиме да бидеме достпани и за викенд и ноќе, додаде Петровска.

Треба да знаете
Последни објави