Search

Имаат милиони без да земаат плата: Како заработува британското кралско семејство?

Британското кралско семејство е една од најпознатите семејни лози во светот а кралицата Елизабета е на врвот на листите на најбогати благородници во светот. Членовите на кралското семејство располагаат со големо богатство, но никогаш не сме ги виделе да работат.

Сепак, иако се членови на благородничка лоза, членовите на кралското семејство кои не се директни наследници на круната мораат да работат.

Без разлика на тоа што се внуки на кралицата, принцезите Беатрис и Евгенија работат вообичаени работи. Принцезата Беатрис работи во софтверска компанија која неодамна беше промовирана во Лисабон, каде благородничката имаше прилика да се дружи со Јелена Ѓоковиќ, жената на број еден тенисерот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ. Од друга страна, принцезата Евгенија е директорка на уметничка галерија.

Поблиските наследници на престолот се вработени во кралската палата и нивниот живот е многу поинаков од оној кој го водат Беатрис и Евгенија. Принцовите Чарлс, Вилијам и Хари, како и нивните сопруги, се наречени „working royals“ и нивната работа е да го промовираат кралството. Кралицата Елизабета им доделува задачи од типот на работа со хуманитарни организации, отварање на образовни установи и болници, а тие го обиколуваат целото кралство за да се доближат до обичниот народ.

Нивните патувања, гардеробата и останатите трошоци делумно се покриени со даночни обврзници, а тие располагаат и со големо богатство кое им е наследено од генерациите пред нив. Принцовите Вилијам и Хари располагаат со наследството на нивната покојна мајка Дајана.

Од оваа година дел од кралското семејство е и Меган Маркл. Поранешната актерка и понатаму заработува самостојно, иако се откажа од актерската кариера. Пред свадбата таа го продаде нејзиниот имот во Канада и на тој начин заработи дополнителни 1,6 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави