Search

Илјас од Гостивар: Ова е наш дом, тука се нашите огништа. тука ќе биде и иднината на нашие деца и внуци

“Почитувани присутни на почетокот на мојот говор би сакал да ви се заблагодарам  затоа што и овој пат сте на праведната страна. Страната на чесните, страната на нашата партија која отсекогаш била со вас и работела за вас. Страната на победниците. Пак сме заедно тука на исто место затоа што сите знаеме дека од 90 година до ден денес ТДП е единствената опција која се борела за честа и правата на турците во оваа наша заедничка мила татковина.
Гостивар тоа најдобро го знае. Тука во Гостивар сите заедно имаме славено многу победи. И на 16 јули убеден сум дека ќе организираме уште една победничка слава. Зошто тука во тврдината на турската култура, нашата партија никогаш нема изгубено.” -истакна кандидатот за пратеник на коалицијата Можеме во ИЕ6, Илјас.

Во продолжение Илјас додаде- “Поминаа 30 години од нашите први чекори. Поминавме низ многу тежок пат. Но како најлојалните граѓани на оваа убава земја, ние турците слободно можеме да се гордеме со постигнатите успеси.

Нашето знаме слободно и гордо се вее на јарболите на нашите општини низ цела држава. Нашиот мајчин јазик е во службена употреба на локално ниво. Нашите деца учат на својот мајчин јазик. Празнуваме на 21 декември ден на наставата на турски јазик. 30 години сме дел од законодавната и извршната власт е на локалните самоуправи.. затоа многу си ја сакаме нашата земја.

Ова е наш дом. Тука се нашите огништа. Тука ќе биде и иднината на нашие деца и внуци”.

Треба да знаете
Последни објави