Search

Илјадници студенти на протест во Будимпешта поради отсранување на унивезитетот на Сорос

Илјадници студенти излегоа денеска на улиците на Будимпешта за да побараат заштита на академските слободи и промена на владините мерки поради кои универзитетот основан од страна на американскиот милијардер, Џорџ Сорос, беше дислоциран од Унгарија.

Централно-европскиот Универзитет (ЦЕУ) најави дека ќе се пресели во Виена доколку унгарскиот премиер Виктор Орбан до 1. декември не обезбеди правна рамка за продолжување на работата на оваа институција во Унгарија.

ЦЕУ речиси три децении нуди американски факултетски програми за илјадници студенти од поранешните комунистички земји од Источна Европа.

Демонстрантите се собраа пред историските градби на брегот на Дунав и порачаа дека мора да се одбрани академската средина која ја симболизира ЦЕУ, а која ја слави слободата на говорот и отворената дебата.

На демонстрациите беа присутни и студенти од други факултети во земјата.

ЦЕУ планира да ги префрли своите студии во Виена по долгата борба со владата на Орбан, која доведе до законски измени за кои многумина сметаат дека се дизајнирани токму на штета на ЦЕУ.

Конзервативната унгарска влада долго време го обвинува Сорос, роден во Унгарија во еврејско семејство, дека сака да ја уништи европската цивилизација со прифаќање на стотици илјади мигранти на континентот. Сорос пак тврди дека неговата поддршка за мигрантите е дел од хуманитарните мисии во кој е вклучен.

Многу е веројатно дека на крајот неговиот Универзитет сепак ќе биде преселен, бидејќи Владата на Орбан не покажува никакви знаци на попустливост.

Треба да знаете
Последни објави