Search

Илјадници студенти во Багдад им се приклучија на демонстрантите по судирите со полицијата

Илјадници студенти се собраа денеска во централниот дел на багдадскиот плоштад Тахрир по судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили во ирачкиот главен град и другите покраини.

Студентите и учениците им се приклучија на демонстрантите кои со месеци кампуваат на плоштадот. Тие носеа ирачки знамиња и извикуваа пароли со кои бараат именување на нов премиер, пренесе ДПА.

Судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили избија утринава, кога демонстрантите во неколку покраини се обидоа да ги блокираат главните улици поврзани со големите градови.

Безбедносните сили користеа солзавец за да ги растераат демонстрантите кои сакаа да ги блокираат патиштата за да го попречат работењето на училиштата, универзитетите и јавните служби, во инсистирањето да го засилат притисокот врз владата.

На улиците околу плоштадот во Багдад демонстрантите палат гуми, па одалеку се гледа црн чад.

Треба да знаете
Последни објави