Search

Илјадници се молат за дожд поради пожарите во Индонезија

Илјадници Индонезијци денеска се молат за дожд на островите Суматра и Борнео додека шумски пожари беснеат во сушната сезона, јавија локалните медиуми.

Пожари во делови од Суматра и Борнео беснеат повеќе од еден месец, а Владата на терен испрати повеќе од 9.000 војници и припадници на Агенцијата за управување со катастрофи.

Во целата држава се затворени илјадници училишта поради пожарите.

Делови од југоистокот на Азија изминатите месеци имаат невообичаена суша, вклучително и Индонезија каде се регистрани мали количини дожд.

Властите се борат со пожарите со 37 хеликоптери и 239 литри водени бомби и истовремено од авиони се обидуваат на вештачки начин да создадат облаци во обид да предизвикаат дожд.

Во шест индонезиски провинции денеска беа активни 5.062 пожара.

Во Индонезија се затворени илјадници училишта поради пожарите.

Треба да знаете
Последни објави