Search

Илјадници наседна на лажна наградна игра

Илјадници Македонци повторно ,,наседнаа” на лажна наградна игра и во тек на вчерашниот ден го преплавија интернетот со споделување на лажната објава од измамници кои се претставиле како официјални претставници на КАМ маркетите, отворајќи страница на Фејсбук, и од нив барале да напишат –Учествувам, и да го споделат линкот од наводната наградна игра, пишува Фокус.

Со цел да добијат ваучер во вредност од околу 5.000 денари, илјадници љубители на производите на популарниот ланец на маркети КАМ, покрај задолжителното ,,Учествувам”, вчера објавуваа и комплименти за производите на маркетот, го фалеа персоналот и го споделуваа линкот од лажната страница.

Иако страницата на која беше објавена лажната наградна игра беше непрофесионално изработена и креирана само неколку дена пред објавата за играта, за само еден ден повеќе од 7.000 лица започнале да ја следат и зеле учество во лажната игра.

Треба да знаете
Последни објави