Search

Илјадници луѓе на Парадата на гордоста во Киев

Илјадници луѓе учествуваа на Парадата на гордоста во Киев, на која беа распоредени голем број полицајци на улиците, но помина без големи инциденти и покрај присуството на екстремистите и противниците на парадата.

Според организаторите, на настанот учествувале повеќе од 8.000 луѓе, додека некои медиуми објавија дека имало 2.500 учесници.

Полицијата соопшти дека девет лица се уапсени под сомнение дека подготвувале провокации.

Ова е прва дефиле на членовите на ЛГБТ заедницата во Украина од изборот на новиот претседател Володимир Зеленски.

Треба да знаете
Последни објави