Search

Илјадници евра скапуваат на планините на Македонија

Дабовиот лишај кој го има на македонските планини е составен дел на сите скапи парфеми и козметички препарати. Кантарион, мајчина душица, мента, но и белиот слез се само дел од чаевите кои се најбарани во Европа и светот, а ги има на нашите планини. Модрата смрека, пак се користи за производство на скапи алкохолни пијалоци, а печурките кои ги има во изобилство на падините се барани во најдобрите светски ресторани и маркети.

Зима е и време за чај. Планински, нане, мајчина душица. Дел увозен, дел од домашни производители. Но секако увозниот е по вкусен бидејќи не сме свесни дека во него завршуваат најголем дел од македонските билки. 24 инфо дојде до податоци дека иако последниве десетина години се собира дел од природното богатство од лековити растенија кое го нудат планините во државава, сепак илјадници евра скапуваат на планините. Работата е сезонска, а лиценците за собирачите ги издава „Македонски шуми“. Но на нивната страна ниту има количини кои се собрани, ниту пак се знае колку лиценци се издадени. Добрите познавачи на состојбите велат дека во моментов има околу 4.000 лиценцирани собирачи кои плаќаат оолу 400 денари за лиценца. Дел од нив велат дека може добро да се заработи од собирањето. Најголем дел од собирачите се за собирање на печурки како вргањ, лисичарка, буковка, јајчарка, смрчка.

Професорите од Факулттот за земјоделство и храна велат дека мора да се направи добра обука на сите лица кои сакаат да собираат чаеви и други шумски плодови бидејќи од секое растение се собира различен дел.
-Од секое растение не се собира се. Кај некои се собира коренот, кај другите цветот. Од некои пак се собираат само листовите бидејќи тие се лековити. Но и да се собира цело растение не треба да му се уништи коренот зошто треба да има чаеви и за следната година- велат професорите.

Билките кои се собираат на планините се користат и како зачини и додатоци кои се наменети за прехранбената, фармацевтската, алкохолната, козметичката или други индустрии. На светско ниво нашите растенија постигнуваат многу висока цена бидејќи растат на планините каде нема загадување. Во моментов се собираат околу 40 билки кои се откупуваат сушени, класифицирани и потоа одат за извоз. Собирачи се најчесто луѓе кои живеат на планински места, кои немаат шанса на друг начин да си обезбедат егзистенција.

Од друга страна пак нашите соседи обезбедуваат милиони евра од извоз на чаеви и роматични билки. Бугарија е најголемиот производител на билки и зачини во Европа. За една година кај нив производствот се зголемило двојно и сега е 81.000 тони

Бугарија е исто така еден од најголемите одгледувачи на семиња од сончоглед. Таа е на второ место во ЕУ со скоро 2,1 милион тони  пред Унгарија. Бугарија и исто така на рангирана на четвртото место во производството на малини со 7,5 илјади тони. Лидер е Полска – 104 илјади тони, по што следи Шпанија и Обединетото Кралство, односно 43,5 илјади тони и 15,5 илјади тони.

Шафран може да сепроизведува во Македонија

Македонија е погодна за одгледување на шафран. Тој е најскапиот зачин во светот. Неговата цена е многу висока и може да достигне до 30.000 евра за килограм. Најдобриот шафран се произведува во Франција, а го има и шпанската Ла Манча, во Пакистан, Грција, Иран, Мароко. Експертите велат дека нашата почва е погодна за производство на овој зачин бидејќи имаме слични климатски услови како земјите во кои се произведува.

Шафранот е познат од многу одамна, а почнал да се одгледува уште во седмиот век во Кина. Во Европа шафранот стигнал преку Шпанија во десети век, а го донеле Арапите.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави