Search

Илјадници Бугари блокираа патишта поради цени на горива и даноци

Илјадници Бугари денеска блокираа важни сообраќајници и патишта во земјата во знак на протест поради зголемувањето на цените на горивата, данокот на постари автомобили и очекуваното поскапување на премиите за осигурување на автомобилите.

Повеќе од 2.000 луѓе со национални знамиња маршираа низ центарот на Софија и извикуваа „мафија” и „ѓубриња”, незадоволни од зголемувањето на животните трошоци во најсиромашнат земја членка на ЕУ, јавуваат агенциите.

Протести се одржани во повеќе од 20 бугарски градови, при што десетици возачи со часови блокираа патишта, вклучувајќи го и патот кон Грција.

Некои бараа и оставка од коалициската Влада на десниот центар на премиерот Бојко Борисов.

Треба да знаете
Последни објави