Search

Илон Маск продава една од вилите по цена од 4,5 милиони долари

Илон Маск реши да го продаде својот луксузен бунгалов во Лос Анџелес со површина од околу 280 квадратни метри, кој сепак, е доста помал во однос на останатите негови имоти, и има четири спални соби, три бањи и доста комотен кабинет, објави „Форбс”.

Затоа пак, завесите на пример, може да се управуваат по електронски пат, со мобилен, како и безбедносниот систем, музичкото озвучување, клима-уредот и осветлувањето. Во дворот има и базен.

Милијардерот првично ја купил куќата за 3,7 милиони долари, во 2013., заедно со тогашната сопруга Талула Рајли. Сега имотот чини најмалку 4,5 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави