Search

Иличиќ по мечот со Македонија: Беше навистина тежок натпревар

Еден од најдобрите фудбалери во словенската репрезентација, Јосип Иличиќ по синоќешното реми со Македонија истакна дека мечот бил тежок и дека во оваа група ќе треба да се вложи многу напор за да се освои секој бод.

 

Беше навистина тежок натпревар. Примаме прелесни голови, но тоа е фудбалот. Пречесто ни се случува да примаме лесни голови кога имаме водство, но мора со кренати глави да гледаме напред. Има уште многу натпревари пред нас, секој бод ќе биде тежок за освојување и секој бод ќе има голема важност, истакнал фудбалерот на Аталанта кој смета дека силите меѓу селекциите во групата Г се релативно израмнети.

Треба да знаете
Последни објави