Search

Илиевски тврди дека Адеми го замолил, а Нихуи му се заканил да не го објави скандалот со нивните академски титули

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, кој утврди дека министерот за образование Арбер Адеми и заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу противзаконски биле избрале или напредувале во наставно-научни звања на Државниот тетовски универзитет, бидејќи во тоа време вршеле јавни функции, тврди дека поради овој случај бил замолен, па дури и добил закани да не излегува во јавност.

Како што изјави Илиевски за време на гостувањето во емисијата „Отворено“ на телевизија „Алфа“, тој остварил средба со министерот Адеми кој, како што вели просветниот инспектор, го замолил да не се објавува скандалот.

-Ми вика инспекторе чаре. Му велам да чаре е да се прими записникот, решението и универзитетот да достави жалба до второ степената комисија за инспекциски надзор и што ќе одлучи таа тогаш тоа е. Не, вика, ако тоа се направи, тогаш тоа е веќе скандал. Ти си инспектор те молам како татко да направиш да се скрие од јавноста. Отворено му кажав, не можеш да сокриеш – вели Илиевски.

Воедно, тој открива дека заменик-министерот Нухуи неколку пати го контактирал од различни телефонски броеви, при што, според Илиевски, му се заканил да не излегува во јавност со наводите што ги утврдил.

-Се зaкaнyваат, пази имаш семејство внимaвај, имаш деца. Да има и такво нешто. Тоа е нискa работа, тоа се ниcки работи кога ќе слушнеш од заменик-министер за внатрешни работи – рече тој.

Досега, Адеми и Нухиу порачаа дека не чувствуваат никаква одговорност за овој случај, додавајќи дека за процедурата во однос на која стекнале наставно-научни звања надлежен е универзитетот.

Треба да знаете
Последни објави