Search

Илиевски: Ситуацијата со корона вирусот е алармантна, а СДСМ станува носител на ковид 19

Интегрален текст од прес конференција на Боро Илиевски

 

„Ситуацијата со корона вирусот се влошува единствено во Македонија! Македонија е на врвот, ама по број на новоинфицирани во едно деноноќие, по број на починати од корона вирусот. Се е јасно – ова е резултат на неспособноста на надлежните и владејачката структура да воспостави соодветен систем за заштита на здравјето на граѓаните. Заев има една цел, а тоа е да ги реализира своите интереси и интересите на тесен круг на луѓе.

Заев покажа, а и докажа дека здравјето на граѓаните ниту му е приоритет, ниту го интересира. Тој зборува само за избори и тера кампања.

Раководството на неговата партија или е инфицирано или е во самоизолација или изолација.

Но, и тоа не го интересира Заев, тој си зборува за избори!

Владејачката СДСМ станува носител на Ковид 19 во државава.

Заев наместо да ги става институциите под закрила како што е тоа случај со Комисијата за заразни болести, треба да помисли прво на здравјето на граѓаните.

Ситуацијата е алармантна. Македонија го доживува вториот пик на корона вирусот најавуван и претпоставуван за есенва.

Филипче нема контрола врз ситуацијата.

Мора итно да се делува во насока на поголема заштита на здравјето на граѓаните.

 

 

Треба да знаете
Последни објави