Search

Илиевски: Општината ќе плаќа полагање за возачки испит за 1000 млади, бесплатен градски превоз во зима

Денеска на прес конфенреција кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски најави дека Општина Куманово ќе плаќа полагање за возачки испит за 1000 млади луѓе кои наполниле 18 години, како дел од пристапит за субвенционирање на младите.

-Субвенциите опфаќаат полагање на припремни тестови за едукативно усовршување на знаењето за сообраќајот и сообраќајните правила и прописи на младите, изработени од сообраќајни експерти, рече Илиевски.

Илиевски истакна дека со ваквите конкретни мерки младите ќе се задржат да останат во Куманово.

Тој претходно од населбата Гоце Делчев најави дека во зимскиот период кога има најголемо загадување во Куманово предвиден е бесплатен градски превоз за сите граѓани.

-Во нашата програма е предвидено во зимскиот период, кога има големо загадување, да обезбедиме бесплатен превоз за сите граѓани. Со цел да го намалиме движењето на возилата, да ги натераме превозниците да купуваат што е можно поеколошки автобуси, за да ја зачуваме животната средина и воздухот да ни биде почист. Тоа се однесува на месеците декември, јануари и февруари. За пензионерите ќе имаме определени денови за почеток, кога ќе имаат бесплатен превоз до Куманово и назад до населбите, подвлече Илиевски.

Треба да знаете
Последни објави