Search

ИЛГА: Сѐ позагрозени правата на ЛГБТ во Европа

Невладината организација за права на ЛГБТ заедницата, ИЛГА, ги објави последните наоди за состојбата на нивните права во 2018 година во индексот “Виножито Европа„.

ИЛГА констатира дека во повеќето земји членки на ЕУ состојбата со правата е или непроменета или влошена за припадниците на оваа заедница – геј, лезбејки, бисексуалци, трансексуалци и интерсекс лицата или ЛГБТИ.

-Минатата година предупредивме за опасноста да се мисли дека работата е завршена, за жал оваа година гледаме конкретни докази за назадување на политичко и законско ниво во растечки број на земји, нема повеќе време за губење, изјави Евелин Паради, извршна директорката на ИЛГА Европа.

Ситуацијата е влошена речиси секаде во Европа, вклучувајќи и земји како Франција.

Партнерската организација на ИЛГА во Франција, СОС Хомофобија, предупреди дека геј заедницата се соочува со 15 отсто повеќе напади во споредба со претходната година.

Најголем број напади се случуваат на интернет, констатира организацијата и укажува дека социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер делуваат како „ехо комори” на случаите на хомофобија.

Бугарија, пак, ги отстранила сите административни и законски процедури за промена на име и пол за трансексуалните лица во официјалните документи. Назадување бележат и Турција и Унгарија поради тоа што овие влади повеќе не ги заштитуваат доволно основните човекови права и слободи, што резултира со се помалку безбедна средина за ЛГБТИ организациите.

Најлошо рангирани во Европа се Азербејџан, Турција и Ерменија, додека најдобро рангирани се Малта на прво места, потоа Белгија на второ и Луксембург на третото.

Треба да знаете
Последни објави