Search

„Икеа“ почна да произведува заштитна опрема за здравствени работници

Шведскиот произведувач на мебел „Икеа“ објави дека почнува со производство на заштитна опрема за болниците за да го надомести недостигот од истите во рамки на борбата против коронавирусот.

Водечкиот светски бренд за мебел почна да произведува опрема за болници како престилки и заштитни маски, најавувајќи дека во претстојниот период планира да го зголеми производтсвото.

Во разговор за „Ројтерс“ , менаџерот за глобална набавка на „Икеа“, Хенрик Елм, нагласува дека е стабилна побарувачката за канцелариски мебел, со оглед дека многумина работат од дома поради коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави