Search

Икарди му соопштил на ПСЖ дека сака да се врати во Италија

Напаѓачот на францускиот фудбалски првак Пари Сен Жермен, Мауро Икарди, кој беше ангажиран од Интер, сака да се врати во Италија, според Николо Скира, новинар на „Газета дело Спорт”.

Дваесет и седум годишниот Аргентинец е решен да се врати во Серија „А” на крајот на сезоната. Според италијанскиот печат, Јувентус покажа голем интерес за Икарди, кои го бараа минатото лето, но потоа замина во Париз.

Напаѓачот и неговата сопруга се состанале со спортскиот директор на парискиот клуб, Леонардо за да ја објават одлуката. Оваа сезона Икарди забележа 31 натпревар на сите турнири, постигнувајќи 20 гола.

Треба да знаете
Последни објави