Search

Икарди го брани Лукаку: Можеби има потреба од подолго време

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди, кој игра таму како отстапен од Интер, застана во одбрана на Ромелу Лукаку.

Во првите четири натпревари за „нероазурите”, Белгиецот постигна три гола, но во наредните четири не успеа да постигне ниту еднаш.

– Мислам дека не се наоѓа во тежок период. Напротив, мислам дека тој започна добро, постигна неколку голови веднаш. Потоа се повреди и ова може доведе до вообичаените критики, бидејќи Лукаку е голема инвестиција за клубот и беше силно поддржан од Антонио Конте, па затоа мора да ги исполни очекувањата. Но, не е лесно за секој што игра во Италија. Серија „А” е најдефанзивното првенство во Европа. Можеби му треба повеќе време за да се навикне, но тој веќе постигна многу голови во својата кариера. Ќе го прави тоа повторно. На секој му се случува да има лош период, изјави Икарди за „Газета дело Спорт”.

Треба да знаете
Последни објави