Search

ИКАО: Авиокомпаниите со најголема загуба поради Ковид-19

Најтешките последици од корона-кризата, според проценките на релевантни меѓународни организации, ги трпат авиокомпаниите и работниците во туристичкиот сектор.

Потенцијалната глобална загуба на бруто приходот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај ќе биде помеѓу 389 милијарди и 391 милијарда долари во текот на целата 2020 година, проценува Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) во својот последен извештај за ноември.

Во документот објавен на официјалната веб-страница на ИКАО, вкупниот пад на бројот на патници во авионите ќе достигне помеѓу 2,87 и 2,88 милијарди луѓе оваа година, со што вкупниот број на понудени авионски места е преполовен (пад од 51 процент).

Организацијата проценува и дека авионскиот сообраќај на патниците нема да се врати на нивото на кое беше пред појавата на пандемијата на Ковид-19 до 2024 година.

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт, пак, очекува вкупната загуба на приходите на авиокомпаниите да изнесува 419 милијарди долари, со негативен финансиски резултат од 84,3 милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави