Search

Изрешетан стан на Грк во Скопје

Непознати лица пукале во станот на грчки државјанин, кој кко потстанар живее во Скопје, информираше МВР.

Случајот во полицијата вчера го пријавил С.П.Д.А.(54) од Грција. Според него, покрај влезната врата од станот во кој престојува како потстанар на улицата Орце Николов забележал чаури, а на ѕидот дупки.

Во станот немало никој во периодот од 02.11.2018 до 14.11.2018 година до 18.00 часот. Извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави