Search

Изрекувањето на пресудата за Караџиќ во Хаг ќе се емитува со 30-минутно одлагање поради оперативни причини

Изрекувањето на конечната пресуда по жалбите на хашкиот обвиненик Радован Караџиќ, закажано за утре во 14 часот во Хашкиот трибунал, ќе се емитува со 30-минутно одлагање.

Какво било снимање на преносот во живо во зградата на Механизмот е строго забрането поради, како што велат, „оперативни причини”.

Постојат шпекулации дека оваа мерка беше донесена поради пропустот при изрекувањето на пресудата за Праљак. По изрекувањето на пресудата, кога беше осуден на 20 години затвор, тој испи отров во живо, по што почина.

Треба да знаете
Последни објави