Search

Изреалската војска откри мрежа на Хезболах во Сирија

Израелската војска денеска соопшти дека открила милитантна мрежа на либански Хезболах во Сирија, во близина на границата со Израел.

– Израел нема да дозволи Хезболах да се утврди близу границата, и затоа ќе дејствуваме со сите сили  со цел да ја истераме таа терористичка организација, изјави генералот од израелската војска Амит Фишер.

Израелската војска тврди дека мрежата која Хезболах ја води заедно со Иранската револуционерна гарда, собира оружје и информации, но и го регрутира локалното население за напад на Израел.

Командант на групата е Али Муса Дакдук и тие дејствуваат независно од сириските власти и претседателот Башар ал Асад. 

Треба да знаете
Последни објави