Search

Израел ќе бара од ОН да ги признае еврејските бегалци

Израел сака ОН да ги признаат за бегалци стотици илјади Евреи кои ги напуштиле арапските и другите муслимански земји во минатиот век, изјави израелскиот амбасадор во ОН, Дени Данон.

Генералното собрание на ОН соопшти дека планира да предложи резолуција за „заборавените” еврејски бегалци за да се спротивстави на она што Израел го гледа како едностран фокус на палестинските бегалци.

„Ние не ја слушаме меѓународната заедница како зборува за нив (израелски бегалци) кога разговара за бегалци од конфликт, можеби затоа што тоа не му одговара на палестинскиот наратив”, рече Данон.

Тој не ја опиша детално планираната резолуција, освен дека тоа „ќе ја признае неправдата што ја претрпеле Евреите и ќе ја исправи”.

Треба да знаете
Последни објави