Search

Израел спречи кибер напад врз водоводниот систем

Генералниот директор на израелскиот Национален кибер директорат Јигал Уна денеска официјално призна дека Израел минатиот месец осуети голем кибер напад врз водоводниот систем во земјата.

Тој наведе дека тоа бил „синхронизиран и организиран напад” со цел да ја наруши клучната национална инфраструктура на Израел.

Но, Уна не посочи кој стои зад кибер нападот, а исто така не ја коментираше израелската наводна одмазда две недели подоцна, што доведе до затворање на клучното иранско пристаниште.

– Ако лошите момчиња успеаја во нивната завера, сега би се соочувале, насред корона кризата, со големи штети по цивилното население и со недостиг на вода, па дури и со полоши работи, наведе Уна.

Тој додаде дека хакирањето на израелскиот водоводен систем првпат покажа како може да се нанесе штета на реалниот живот, а не на технолошкиот сектор или на податоците.

Уна посочи дека ако не бил спречен нападот би можело да дојде со мешање на хлорот или другите хемиски сусптанци со водата, а тоа би имало „штетен и катастрофален” исход.

Израел и Иран се две непријателски земји кои со години водар прикриени битки, вклучително и кибер нападите.

Треба да знаете
Последни објави