Search

Израел се приклучи на меѓувладиното финансиско тело ФАТФ

Израел е прифатен како член на глобалното меѓувладино тело посветено на борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот, пренесува РТ. Овој чекор би можел да му помогне на Израел да влијае врз политиката против регионалните непријатели, објави Министерството за правда.

Оперативната група за финансиска акција (ФАТФ) го потврди вклучувањето на Израел како 38-та членка. Израелскиот противкандидат Иран е под лупа од организацијата со седиште во Париз, пренесува „Ројтерс“.

Израел, исто така, лобираше кај светските сили да помогнат во намалувањето на финансирањето на Хезболах и Хамас, неговите либански и палестински непријатели.

Шломит Вагман-Ратнер, шеф на Одделот за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот во израелското Министерство за правда, рече дека пристапувањето во ФАТФ  е национална стратешка цел. Таа ќе му овозможи на израелскиот финансиски сектор полесно да функционира во меѓународната економија, рече таа.

Треба да знаете
Последни објави