Search

Израел може да поттикне војна ако ѝ се приклучи на флотилата предводена од САД во Персискиот Залив

Техеран го советуваше Израел да остане настрана од Персискиот Залив каде што САД се обидуваат да соберат антииранска армада, истакнувајќи дека секој брод што е нелегално присутен во регионот го зголемува ризикот од сеопфатен конфликт, пренесува РТ.

„Секое нелегитимно присуство на ционистите во водите на Персискиот Залив може да предизвика војна“, предупреди во неделата командантот на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири.

Израел, наводно, доборволно понудил разузнавање и помош за коалицијата предводена од САД против Иран, како што се зголемуваат притисоците во Персискиот Залив по серијата мистериозни напади на танкери и заемни заплени на пловни објекти од страна на Иран и Велика Британија.

Израел минатиот месец предупреди дека е подготвен да го нападне Иран во случај на какви било погрешни пресметки, зголемувајќи го притисокот откако Техеран рече дека „нападот на САД би значел само уште половина час живот за Израел“.

Исламската Република вети дека ќе го заштити својот суверенитет во протокот Ормуз и пошироко, обвинувајќи ги САД дека се обидуваат да ги спроведат еднострани санкции за нафта преку воен притисок откако не успеаја да го направат тоа со политичка изнуда. Вашингтон тврди дека неговите намери се мирољубиви и дека собираат странски воени бродови во регионот за да ги заштити бродските рути и бродовите од Техеран.

Треба да знаете
Последни објави