Search

Израел масовно ќе произведува маски за верниците со брада

Израелските власти објавија дека ќе произведат специјално изрботени маски за заштита од коронавирусот за мажите кои носат брада како дел од својата религија, пренесува РТ.

Во потег кој без сомнение ќе им ја олесни ситуацијата на верниците во Израел, владата нема да им наредува на верниците да ги кратат брадите или зулуфите. Заменик-генералниот директор на Министерството за здравство, Итамар Грото, ги смири стравувањата.

„Ние создаваме индустриски сертификати за маски, што значи дека за неколку дена ќе има маски со различна големина. Така, луѓето со бради ќе можат да си купат соодветни маски“, рече тој.

Портпаролот на израелскиот Главен рабинат рече дека размислува да им дозволи на религиозните Евреи да се избричат ако е тоа потребно, но Грото рече дека барањето такво рабинско одобрување не е на агендата.

Израелските власти побараа од граѓаните да ги покриваат устата и носот во јавност, но ова претставува предизвик за следбениците на погонотрофијата; мажите во еврејските, муслиманските и христијанските заедници во земјата носат брада како знак на верата.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху минатата недела изјави дека претстојните еврејски, муслимански и христијански празници треба да бидат обележани само во рамките на семејството, додавајќи дека постарите роднини треба да бидат исклучени од ваквите настани заради нивна безбедност.

До денес, со Израел има вкупно 8.611 потврдени случаи на Ковид-19, а бројот на починати е 51.

Треба да знаете
Последни објави