Search

Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот во појасот Газа

Палестински официјални лица соопштија дека утринава е постигнат договор за прекин на огнот со Израел со цел да се стави крај на најновата ескалација на насилството во појасот Газа и на јужната израелска територија.

„Прекинот на огнот почнува во 4 и 30 часот“, рекол неименуван палестински извор кој е запознаен со договорот, пренесуваат израелските медиуми. Информацијата ја потврди телевизиската станица на Хамас – исламска екстремистичка организација која владее со Газа.

Израелската војска не ги коментира овие наводи туку само соопшти дека се укинуваат мерките кои се воведени за заштита на населението на Израел од утринава во 7 часот.

Во изминатите два дена, во оружениот судир каков што не се памети меѓу двете страни од 2014 година, од Газа кон Израел беа испалени 690 ракети, а израелската војска нападна 350 мети во последните 48 часа. Израелскиот противракетен систем „Железна купола“ пресретна 240 ракети.

Во појасот Газа се убиени 23 луѓе, меѓу кои две бремени жени, две бебиња и девет екстремисти. На израелската страна загинаа четири Израелци.

Треба да знаете
Последни објави