Search

Израел заедно со САД во поморска мисија во Ормускиот Теснец

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изјави дека неговата земја е вклучена во поморската мисија предводена од САД, со цел да се гарантира безбедноста во Ормускиот Теснец.

Кац тоа го кажал на затворен состанок на парламентарниот одбор за надворешни работи и одбрана, објаснувајќи дека Израел, меѓу другото, е задолжен за разузнавањето. Тој оцени дека мисијата е од стратешки интерес за Израел, кој настојува да му се спротивстави на Иран и да ги подобри врските со земјите од Заливот.

Кац, исто така, ја пофали и најавата на Велика Британија дека ќе се приклучи во мисијата.

САД настојуваат да формираат меѓународна коалиција, која ќе ги штити товарните бродови кои минуваат преку Ормускиот Проток, но сојузниците се загрижени да не бидат вовлечени во судир со Иран.

Треба да знаете
Последни објави