Search

Израел годинава извршил 35 напади врз Сирија

Израелските сили од почетокот на 2020 година извршиле 35 напади врз различни цели во Сирија во кои се убиени 198 луѓе лојални на сириската Влада, соопшти денеска организација за набљудување.

Сириската опсерваторија за човекови права, организација со седиште во Велика Британија, соопшти дека меѓу убиените се 80 припадници на проиранска војска, 11 сириски војници, тројца припадници на либански Хезболах, 21 припадник на иранската револуционерна гарда и 53 Ирачани лојални на Иран.

Израелските напади врз цели во Сирија се сметаат за обид да се спречи Иран, еден од главните сојузници на сирискиот претседател Башар ал-Асад, да изгради воена надмоќ во регионот.

Најмалку тројца сириски војници беа убиени минатата недела во нападите на израелски борбени авиони врз воени цели во Сирија. Опсерваторијата тврди дека најмалку десетмина биле убиени.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц минатата недела рече дека неговата земја „нема да толерира какво било кршење на нејзиниот суверенитет на кој било фронт”.

Треба да знаете
Последни објави