Search

Израелски војници убиле тројца Палестинци

Израелски војници убиле тројца Палестинци кои врз нив фрлиле експлозивна направа додека се обидувале да ја преминат границата од соседна Газа, соопшти израелската војска.

Армијата соопшти дека трупите ја опколиле областа во близина на јужниот крај на палестинската крајбрежна енклава, откако три осомничени лица биле забележани како ја минуваат границата.

Засега нема коментар од Газа, кој е под команда на групата Хамас.

Инцидентот е прв од ноемвриските гранични судири во кои загинаа 34 Палестинци, а повредени беа десетици Израелци.

Треба да знаете
Последни објави