Search

Израелските сили нападнале позиции на сириската армија јужно од Дамаск

Сириските единици за противвоздушна одбрана го одбиле ракетниот напад на Израел врз предградијата на главниот град Дамаск, објави телевизискиот канал „Ал Ехбарија“.

Според информациите на каналот, нападот бил насочен кон округот Џебел ел Манија и позициите на сириската армија во близина на селото Рухинах во областа Кунеитра. Нападите доаѓаат од територијата на окупираната Голанска висорамнина.

Засега нема информации за жртви, но е пријавена одредена штета на теренот.

Но според пишувањата на „Араб њуз“, возраелските воздушни напади врз Сирија во текот на ноќта биле убиени најмалку осум борци на проиранските милиции.

Нападите во близина на главниот град Дамаск биле насочено кон складиште за оружје и позиција што ја држеле иранските сили и нивниот либански сојузник Хезболах, но националноста на загинатите борци не е позната, соопшти Сириската опсерватоијаот центар за набудување за човекови права.

Треба да знаете
Последни објави