Search

Израелските пратеници гласаат за распуштање на Парламентот

Израелските пратеници денеска почнаа со процесот на гласање за распуштање на Парламентот, Кнесетот, со што ќе овозможи закажување на трети избори за помалку од една година.
Парламентот го усвои прелиминарниот документ за распуштање пред да истече рокот вечерва на полноќ.
Ќе се гласа трипати и доколку биде конечно усвоен тој предлог закон, изборите ќе бидат закажани за 2 март 2020 година.
Оваа година парламентарни избори во Израел се одржаа во април и септември, но на нив немаше јасен победник и не е формирана нова влада.
По септемвриските избори, ниту израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ниту неговиот главен политички противник Бени Ганц немале неопходно мнозинство, односно најмалку 61 од вкупно 120 пратеника во Парламентот.

Како единствен излез се чинеше влада на национално единство, но тие не можеа да се договорат во рокот од три недели.

И Нетанјаху и Ганц упорно тврдат дека работат на наоѓање излез од политичката криза, која долго време трае, и да се избегнат трети избори за помалку од една година, меѓутоа моментно изгледа дека тоа е невозможно.

Треба да знаете
Последни објави