Search

Израелска армија: Иранските сили се повлекуваат од Сирија

Израелската армија соопшти денеска дека иранските сили полека се повлекуваат од Сирија, како резултат на израелските напади и зголеменото незадоволство на населението во Иран од економската криза предизвикана од санкциите и последиците од пандемијата.

Наведено е дека тоа повлекување „од разни локации до други пооддалечени места… не е обемно, но е  „неоспорно”.

Израелската армија им го соопшти тоа на новинарите, објаснувајќи дека заклучокот се засновал на доверливи разузнавачки информации.

Иран има воени сили во Сирија и ги поддржува екстремистите на Хезболах во Либан, а во Појасот Газа го снабдува Исламски џихад со оружје, обезбедува пари и обука и го поддржува Хамас, кој е на власт во таа палестинската територија.

Треба да знаете
Последни објави